/ Прочитано:

763

УПОЗ не се откажува од барањето да се доисплатат неисплатените средства задржани за време на штрајкот

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) пред крајот на минатата година писмено се обрати до Владата со барање да помогне да се заврши започнатата работа околу исплатата на неисплатените средства незаконски задржани за време на штрајкот, со која не беа опфатени сите вработени, соопштуваат од УПОЗ.

„Владата одговори дека не се противи на намирувањето на законските побарувања, како и остварувањето на правата на припадниците на судската полиција и помошно-техничкиот персонал, но нема надлежност да врши влијание врз работата и одлучувањето на Судскиот буџетски совет или да решава за распределбата на средствата од истиот.

Во дописот до Владата од 11.11.2019 година, Синдикатот на УПОЗ ја известува за проблемите што веќе долг временски период се провлекуваат и не се решаваат, иако беа обезбедени сите услови за нивно решавање.

Имено, Владата на РСМ обезбеди средства кои беа наменети за исплата на задржаните средства за време на штрајкот во судовите во 2016 година. Исто така, во јули минатата година беше донесена и Одлука за исплата на задржаните средства за штрајкот на неколку рати од страна на Судскиот буџетски совет. Но со жалење мора да констатираме дека на судската полиција и на помошно-техничкиот персонал, на вработените преминати во други организации и на веќе пензионираните не им е извршена исплата на незаконски задржаните средства.

За да може вработените во судската полиција кои штрајкуваа да им се изврши исплата, потребно е да се потпише Правилникот за исплата на додатоци на плата од Министерот за правда. За помошно-техничкиот персонал за кој СБС донесе одлука да се изврши исплатата како прекувремена работа до ден денес ниту еден претседател на суд не постапил по истата таа одлука. Се опструира и исплатата на вработените кои преминале да работат во друг суд, или друга организација како и исплатата на веќе пензионираните.

И додека опструкциите траеја и бараат да биде сѐ по закон, потенцираме дека кога се работи за членовите на Судскиот совет одлуките експресно се спроведуваат. Па така, си донесоа одлука и си поделија додатоци на плата за судиите повисоки за 10%, и секако притоа скратија кај судската администрација за која додатокот го преполовија на 5%. За нееднаквиот третман реагираше Синдикатот на УПОЗ, но добивме неразумен одговор дека во септември администрацијата добила 5% покачување на плата. Некој очигледно намерно заборава или сака да заборави дека платите на судиите се регулирани со посебен закон и не прави разлика што е плата, а што додаток на плата и дека нив не ги опфаќа ова зголемување.

Затоа, побаравме и сѐ уште бараме од Владата на РСМ да преземе мерки со кои Судскиот буџетски совет во целост ќе ја реализира исплатата. Владата во одговорот од 24.1.2020 година одговори дека не се противи на намирувањето на законските побарувања, како и остварувањето на правата на припадниците на судската полиција и помошно-техничкиот персонал, притоа наведувајќи дека немаат надлежност да вршат влијание врз одлучувањето на Судскиот буџетски совет“, се наведува во соопштението на УПОЗ.

Протест на судската администрација

УПОЗ И ЗСА: Револт меѓу вработените во судовите за додатоците на платата

Здружение на судии: Во што пократок рок да се исполнат останатите обврски во врска со платите на судиите

Судските службеници ќе добијат право за исплата на додатоци на плата

Законските измени за платите на судските и на јавнообвинителските службеници влегуваат во процедура на донесување

Соопштение на УПОЗ за најава за штрајк доколку не се најде конечно решение за судските службеници

УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет

УПОЗ: Штрајкот продолжува. Штрајкувачите ќе лобираат кај пратениците и претседателите на судови за поддршка на барањата

ШТРАЈК НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Преговори со надлежните институции закажани за идната недела

„Бараме да се повлечат лошите закони“ – протест на судската администрација

ДА СЕ ВРАТИ СТАРОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 7:30 ДО 15:30 – едно од барањата на УПОЗ и ЗСА на утрешниот штрајк

ШТРАЈК НА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: „Да се измени штетниот и демотивирачки Закон за судска служба!“

„Ќе ја бојкотираме работата на судовите доколку не се измени Законот за судска служба“ – БОРЧЕ МИРЧЕСКИ, претседател на Здружението на судска администрација

 ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА БАРА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Законот е противуставен, демотивирачки и дискриминирачки

НЕ БИДЕТЕ ОПУШТЕНИ, МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ ОТПУШТЕНИ – УПОЗ ги повикува судските службеници, судските полицајци и административните службеници на првомајски протест

М.В