/ Прочитано:

662

Министерството за економија подготвува Закон за техничките барања за производите

Целта на законот, посочуваат од Министерството, е производите да бидат безбедни кога се пуштаат на пазар, кога се ставаат во употреба или кога се употребуваат, особено поради: остварување и заштита на јавниот интерес; заштита на животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата; заштита на животната средина и природата; заштита на потрошувачите и на другите корисници на производите и заштита на имотот.

„Со овој закон се уредуваат начинот на пропишување на технички прописи за техничките барања што мора одредени производи или група на производи да ги исполнуваат при нивно пласирање на пазарот, обврските на економските оператори вклучени во ланецот на пласирање на производите на пазарот, постапките за оцена на сообразност на производите со пропишаните технички барања, условите што треба да ги исполнуваат телата за оцена на сообразност, документите и знаците за сообразност на производите, принципите и постапките за признавање на странските документи и знаци за сообразност, постапките за овластување и нотифицирање на телата за оцена на сообразност, следење на работата на телата за оцена на сообразност, водење на евиденција и известување за техничките прописи и телата за оцена на сообразност, како и вршењето на инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон“, појаснуваат од Министерството.

М.В