/ Прочитано:

3.929

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: Избришани повеќе од шест илјади правни субјекти во февруари 2016 година

Постапката на бришење од регистарот на деловни и неактивни субјекти се спроведува во согласност со Законот за трговски друштва и тоа според членовите 552-а и 552-б, а уписот на бришење од регистарот е уреден со Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

centralen-registar

Повеќе од шест илјади правни субјекти ќе бидат избришани од Централниот регистар. Како што информираат оттаму, бришењето ќе биде извршено бидејќи до 31.12.2014 година правните субјекти не поднеле годишна сметка до Централниот регистар за деловната 2013 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, во согласност со членот 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица.

Постапката на бришење од регистарот на деловни и неактивни субјекти се спроведува во согласност со Законот за трговски друштва и тоа според членовите 552-а и 552-б, а уписот на бришење од регистарот е уреден со Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Во рок од 30 дена по настапувањето на условите за бришење на неактивен субјект, Централниот регистар на Република Македонија е должен да го објави тоа во соопштените на својата веб-страница и да ја спроведе постапката на бришење.

Причините за бришење од трговскиот регистар на трговци поединци и на трговски друштва, кои ги предвидува Законот за трговските друштва, се следните:

– доколку субјектите не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година;

– доколку субјектите не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена во согласност со членот 21 став (4) од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица и

– доколку по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб-страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршен упис за основање, во согласност со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внесе или не го уплати основачкиот влог.

Централниот регистар по службена должност ја поведува постапката за бришење на субјектите од регистарот. Доколку субјектите ги отстранат причините поради кои била поведена постапката за бришење (ако поднесат годишна сметка или финансиски извештај, ако го потврдат образецот за идентичноста на податоците запишани во регистарот и ако го платат надоместокот за извршената услуга), постапката за бришење ќе се запре.

Правните последици од бришењето на неактивните субјекти доведуваат до евидентирање на субјектот со статус „неактивен”, кој му го доделува Централниот регистар. Статусот се прибележува во регистрацијата на субјектот и се објавува на веб-страницата на Централниот регистар.

На следниов линк можете да ја преземете листата на субјекти избришани во согласност со членовите 552а и 552б од ЗТД – во месец февруари 2016 година.