/ Прочитано:

2.412

Централен регистар: Можност за поднесување годишна сметка по електронски пат

Сите правни субјекти кои се основани во согласност со Законот за трговски друштва, а кои го пропуштиле рокот за поднесување на годишната сметка за 2016 година во хартиена форма, можат да ја поднесат преку системот за електронско поднесување на годишни сметки заклучно со 15 март 2017 година.

Централниот регистар денеска соопшти дека сите правни субјекти кои се основани во согласност со Законот за трговски друштва, а кои го пропуштиле рокот за поднесување на годишната сметка за 2016 година во хартиена форма, неа можат да ја поднесат преку системот за електронско поднесување на годишни сметки заклучно со 15 март 2017 година.

Исто така, Централниот регистар на Република Македонија информира дека на 15.3.2017 година (среда) ќе врши прием на годишни сметки за 2016 година во хартиена форма за трговци поединци и самостојни вршители на дејност во сите регистрациски канцеларии ширум Република Македонија од 8:00 до 20:00 часот.

Воедно, на 15.3.2017 година Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово (простории на општината), во Крушево (простории на општината) и во Демир Хисар (простории на Уни банка), во периодот од 8:00 до 16:00 часот.

А. Б.