/ Прочитано:

2.556

Централен регистар на РМ: Известување за нов, интегриран производ – потврда од залог и лизинг

Корисниците на услугите на Централен регистар ќе бидат во можност да го користат новиот производ – потврда од залог и лизинг, којашто содржи податоци за регистрираните документи од заложниот регистар и регистарот за лизинг (за заложниот должник и корисникот на лизинг).

Централниот регистар на Република Македонија ги информира корисниците на услугите за нов, интегриран производ.

Во нивното соопштение се вели дека од 4..4.2017 година, преку системот за е-потврди и интернет дистрибутивниот систем на Централен регистар на Република Македонија, корисниците на услугите на Централен регистар ќе бидат во можност да го користат новиот производ – потврда од залог и лизинг.

„Интегрираната потврда за издадена информација за залог и лизинг содржи податоци за регистрираните документи од заложниот регистар и регистарот за лизинг (за заложниот должник и корисникот на лизинг). Потврдата ќе се изготвува исклучиво преку системот за е-потврди, по критериум ЕМБГ за физичко лице и ЕМБС за правно лице. Таа ќе се наплаќа 505,00 денари. Потврдата корисниците можат да ја побараат во хартиена и електронска форма“, информира Централниот регистар на Република Македонија.