/ Прочитано:

1.521

Централен регистар: Соопштение за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрациски агент

Контролата ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за нејзино спроведување, за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот што е предмет на контрола.

Централниот регистар на Република Македонија во согласност со член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрациски агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку системот за е-регистрација.

Контролата ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за нејзино спроведување, за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот што е предмет на контрола.

Предметот на контрола е регулиран со член 34-е од горенаведениот закон и ќе се однесува на проверка на:

– идентичноста на податоците содржани во пријавата и прилозите поднесени преку системот за е-регистрација, со податоците содржани во прилозите доставени до регистрацискиот агент од субјектот на упис,

– исполнетоста на критериумите определени со член 34-а од истоимениот закон,

– во постапувањето во согласност со член 82 став (4) од Законот за трговските друштва.

Централниот регистар во прилог на ова соопштение објави и преглед на субјектите што се предмет на контрола во месец март.