/ Прочитано:

1.770

Д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска избрана за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија

Д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, е избрана за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија

 

Одлука за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 14 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 12 декември 2023 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗБОР НА СУДИЈА НА УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

I. За судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана:
– д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Бр. 08-6457/1                                             Претседател на Собранието
12 декември 2023 година                                  на Република Северна Македонија,
Скопје                                                        м-р Talat Xhaferi, с.р.