/ Прочитано:

3.522

Дали со трговска марка може да се заштити човечко лице?

Со дозвола на адвокатското друштво Пепељугоски, текстот го преземаме без интервенции, во целост.

 

ПС Холдинг БВ пред Европскиот завод за интелектуална сопственост поднел пријава за трговска марка за класите 35 (манекени и фото модели за маркетинг или продажна промоција) и 41 (модели и манекени за одмор и рекреативни цели. Пријавата за трговска марка број ENJO/TM14226EU00 во изглед е всушност лицето на холандскиот модел Пук Шровер:

(Сликата е земена од Одлуката која е достапна само на холандски јазик број 018864324 од 15.09.2023 година)

Но, Европскиот завод за интелектуална сопственост ја одбил пријавата од причина што истата не може да се одвои од услугите за кои се однесува пријавата за трговска марка, во смисла на атентативноста на потрошувачите, како и фактот дека одредени специфични карактеристики на марката биле општо познати. Поточно, марката не се состоела од ништо друго освен од слика која може да се користи за презентација на услугите. Па оттука, таа не ја има потребната дистинктивност, бидејќи може да преставува портрет на било која млада жена. При оценката на дистинкитвноста, Заводот не ги земал како релевантни наводите на подносителот дека марката преставува слика на светски познатиот модел Пук Шровер (позната по нејзината соработка со светските модни куќи како Шанел, Диор, Луј Вутон). Напротив, според заклучокот на Заводот, пондосителот не го оправдал тврдењето дека релевнатнанта јавноста ќе ја перцепира нејзината слика како назнака за комерцијално потекло на услугите. Дополнително на ова, фактот што таа работи како фото модел и се појавува на модни ревии не оддава признание ниту репутација на трговската марка, а уште повеќе на перцепцијата на имиџ во врска со услугите за кои се барала заштита.

Имајќи го во вид образложението за одбивање на пријавата за трговска марка, може да се заклучи дека оценката на дистинктивноста во однос на одредени стоки и услуги може да преставува сериозна пречка при регистрацијата на човечките лица како трговски марки. Иако, во историјата постојат вакви пријави кои успешно поминале во фазата на регистрација (пр. лицето на моделот Мартје Верхоф, носот на Барбара Стрејсенд, косата на Доналд Трамп и сл.), не значи дека тоа може да зборуваме за пракса. Па така, според одлуката, во отсуство на исклучително доминантни карактеристики или дистинктивни карактеристики, подносителот на секоја пријава од овој тип би се соочил со истата последица, односно да му биде одбиена пријавата за трговска марка.