/ Прочитано:

1.029

Конференција во Скопје посветена на арбитражата

На 25 април 2023 година, ICC YAAF (светска мрежа на млади професионалци за решавање спорови) за прв пат организира конференција во нашата земја посветена на арбитражата со наслов „Осигурајте се дека арбитражата e вистинското решение за вас и вашата компанија“ (Making sure that arbitration meets your (company’s) expectations).

На панел дискусијата, модерирана од д-р Ана Пепељугоска, партнер во адвокатското друштво Пепељугоски, ќе се дискутира за начините на кои бизнисите и административните органи во соработка со нивните внатрешни и надворешни советници можат да обезбедат и да придонесат за економично, брзо и правично решавање на нивните спорови со арбитража.

Панелистите ќе дадат практични решенија за ефективно управување со различни фази од арбитражниот процес, како и некои стратешки размислувања кога станува збор за решавање на споровите.

Како и секогаш, мрежата на ICC YAAF овозможува платформа за да се информираат, поврзат и инспирираат младите професионалци со интереси за решавање спорови и избегнување спорови.

Панел дискусијата е отворена за сите заинтересирани, особено за адвокатите специјализирани за решавање спорови или заинтересирани за арбитража, правници вработени во компании, административи службеници, студенти.

Подетално за панелистите и програмата на оваа конференција видете на следниот линк.