/ Прочитано:

3.060

Десетина закони на дневен ред на Собранието

Во врска со предлогот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој предизвика незадоволство и штрајк на автошколите во овој изминат период, се предложува условите за основање и работа на автошколите во делот што се однесува на видео надзорот и снимањето со соодветен уред кој овозможува видео и аудио запис да започне да се применува по една година од денот на влегување во сила на овој закон.

sobranie akademik.mk

Денес во 12 часот, Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 92-та седница на чиј дневен ред се предлозите за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за минимална плата, Законот за политичките партии, Законот за Владата на Република Македонија, Законот за заштита и спасување и Законот за земјоделство и рурален развој.

Покрај овие закони, на дневен ред се и три барања за автентично толкување.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предизвика незадоволство и штрајк на автошколите во изминатиот период поради што се предложува условите за основање и за работа на автошколите, во делот што се однесува на видеонадзорот и снимањето со соодветен уред кој овозможува видео и аудиозапис, да започнат да се применуваат по една година од денот на влегување во сила на овој закон.