/ Прочитано:

1.211

Измените на Законот за социјалната заштита и на Законот за заштита на децата пред Комисијата за труд

Измените на Законот за социјалната заштита и на Законот за заштита на децата се пред собраниската Комисија за труд и социјална политика. Двата закони чиј предлагач е Владата се во фаза на второ читање.

Цел на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита е да се овозможи примена на нов модел за проценка на потребите за лица со попреченост. Моделот е изработен во согласност со Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).
Со Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, се вели во законското образложение, се утврдува дека функционална проценка на деца и млади до 26 годишна возраст, одредување на мерки за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка и наод и мислење за видот и степенот на попреченост даваат стручните тела кои вршат функционална проценка.

Центрите за социјална работа носат решение и ги евидентираат лицата со попреченост, врз основа на наодот и мислењето на стручни тела за функционална проценка.
Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита се заснова на истите начела на кои е заснован и Законот за социјалната заштита.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата се утврдува начинот на остварување на правото на посебен додаток согласно новиот модел за проценка на потребите за лица со попреченост. Моделот е изработен во согласност со Меѓународната класификација на функционирање (МКФ). Со Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата се утврдува дека наод и мислење за потребата од остварување на правото на посебен додаток дава Службата за функционална проценка во состав на Јавна здравствена установа–Здравствен дом Скопје.

„Со Предлог Законот се дава можност правото на посебен додаток да може да продолжи да се користи за дете кое е сместено во ученички дом или друга установа за целата учебна година, а не само за времетраење на летниот одмор кога истото се враќа во своето место на живеење.
Потребата од донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата произлезе и поради усогласување на одредбите од Законот за заштита на децата со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Се интервенира и во одредби од Законот од неговата имплементација со цел допрецизирање на одредени одредби во функција на овозможување на негова примена, како и се дава можност за приоритет при прием на деца со попреченост и нивна инклузија во установите за деца – детските градинки и центри за ран детски развој.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата се врши усогласување на Законот за заштита на децата со членот 13 од Законот за услуги („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 98/19) во утврдениот рок кој е со одложна примена и во истиот и тоа во однос на одредбите кои се однесуваат на основачот – физичко лице на Агенцијата за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст и на условите за полагање на стручен испит за стекнување на лиценца за работа“, се додава во образложението.

М.В