Дискусија за судската практика на форум во Битола
По повод Денот на правосудството, Здружението на судиите, во рамки на планираните активности, организираше низа форуми за дискусија за различни аспекти на независноста и ефикасноста на судството.
Третиот од низата форуми за дискусија, известуваат од Здружението на судии, се одржа во заедничка соработка со Центарот за правни истражувања и анализи, на 23 март 2017 година, во хотелот „Епинал“ во Битола.
„Целта на расправата беше да овозможи дискусија меѓу судиите од подрачјето на Апелационен суд Битола за прашања поврзани со развојот и промоцијата на судската практика во Република Македонија. Како и на претходните форуми, во Битола беа усвоени заклучоци што произлегоа од дискусијата на судиите и експертите, кои ќе бидат промовирани на Завршниот форум предвиден за 31 март 2017 година“, велат од Здружението.
М.В