/ Прочитано:

1.847

Е-Регистар за евидентирање предмети на медијација

Медијаторите може да се регистрираат и да користат електронски регистар за евидентирање на предмети на медијација, известуваат од Министерството за правда.

Е-Регистарот го изработи и е во надлежност на Министерството за Правда, а во истиот може да се внесуваат податоци за предмети на медијација по кои постапувале медијаторите.

Целта на воведување на  е-Регистар е  да се олесни работата на медијаторите при евидентирањето на предметите без оглед на исходот на спорот и да се формира база на статистички податоци кои ќе бидат показател за примената на медијацијата како начин на решавање на споровите.
Пријавувањето на предметите во регистарот  ќе го вршат исклучиво медијаторите кои поседуваат важечка лиценца за извршување медијаторски работи и кои се запишани во Именикот на медијатори кој го води Комората на медијатори, по извршена  уредна регистрација во системот за најава, на линкот  http://mediation.pravda.gov.mk/login
Евидентирањето на предметите  и достапност до внесените податоци  имаат само медијаторите со цел за доследна примена и почитување на начелото на доверливост на постапката  на медијација.
М.В