/ Прочитано:

670

Еколошката такса ќе има ценовен ефект врз инфлацијата

„Еколошката такса ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво (инфлацијата), кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти. Иако релативно мал, ценовниот ефект не треба да се потценува.

Препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1,5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022.

Силно препорачуваме да се креира Фонд за зелена транзиција, кој ќе осигури дека средствата навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција.

Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање“, истакнуваат од Фајнанс тинк, чиј став во врска со еколошката такса може да се преземе на следниот линк.

Предложени законските измени за зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати

M.В