/ Прочитано:

2.206

Фиданка Рајевска од подрачјето на ВЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

На гласањето Рајевска добила 38 гласа, а Елизабета Павловска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, која, исто така, била кандидат за член на Советот, добила 36 гласа.

Табла, Основно јавно обвинителство Скопје

Фиданка Рајевска е избрана за член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Како што соопштуваат од Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во Комисијата што го спровела гласањето биле: Сашо Василевски, претседател, Арбер Исаку, член и Љубомир Јовески, член.

На гласањето Рајевска добила 38 гласа, а Елизабета Павловска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, која, исто така, била кандидат за член на Советот, добила 36 гласа.

Вчера, Собранието на Република Македонија објави оглас за избор на еден член на Советот на јавни обвинители.

„Собранието на Република Македонија ќе врши избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од редот на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“, се наведува во огласот.

Заинтересираните кандидати, универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој оглас во „Службен весник на Република Македонија”, до Собранието на Република Македонија треба да поднесат пријава, лична биографија и документи, во оригинал или копии заверени на нотар, со кои ќе докажат дека се универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници.

Огласот за избор на член во Советот на јавни обвинители е објавен во изданието на „Службен весник“ од 29 јуни.

Советот на јавни обвинители треба да избере член од подрачјето на ВЈО Скопје