/ Прочитано:

1.458

Градоначалникот на Битола Владимир Талески на распит во СЈО

Ова е прв пат градоначалникот на Битола да биде повикан на распит.

received_1639362029712235

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, од 12 часот е на распит во Специјалното јавно обвинителство. Талески пристигна со полициска придружба бидејќи е сѐ уште е во куќен притвор. Со него е и неговиот адвокат Никола Додевски.

Ова е прв пат градоначалникот на Битола да биде повикан на распит.

Талески од минатиот месец со решение на Кривичниот совет е во куќен притвор.

Апелациониот суд одржа јавна седница на која одбраната и СЈО ги презентираа наводите во жалбата и одговорот на жалбата на решението на Кривичниот совет.

Одбраната на Талески тврдеше дека постои повреда на правото на еднаквост на оружјата бидејќи не им биле доставени никакви докази и дека против градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, се води политичка хајка.

Талески и уште 22 лица опфатени во предметот „Траспортер“ се осомничени за злоупотреба на 360 илјади евра при незаконско организирање на училишниот превоз во Битола.