/ Прочитано:

1.328

КРИВИЧЕН СУД: Талески останува во куќен притвор

Апелациониот суд ја одбил жалбата на одбраната на градоначалникот.

Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола на распит во СЈО

Денес Апелациониот суд Скопје го потврдил решението на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за осомничениот Владимир Талески кој е дел од предметот на СЈО „Транспортер“, а ја одби жалбата на осомничениот против мерката куќен притвор, информираат од Кривичниот суд.

„Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1  –  Скопје денес донесе и решение со кое мерката куќен притвор против осомничениот В.Т. се продолжува за 30 дена“, велат од Судот.

Вчера во Апелационот суд во Скопје се одржа јавна седница на која одбраната на Талески ги презентираше наводите во жалбата на решението на Кривичниот суд, донесено на 21 јули, за продолжување на притворот на Талески за нови 30 дена.

Талески и уште 22 лица опфатени во предметот „Транспортер“ се осомничени за злоупотреба на 360 илјади евра при незаконско организирање на училишниот превоз во Битола.

М. С.