Граѓаните од Стајковци и Сингелиќ вработени во државните институции или во приватни фирми да бидат ослободени од работа до 19 август
„Исто така се препорачува и приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја, односно во населените места Стајковци и Синѓелиќ“, се наведува во соопштението на МТСП.
Министерството за труд и социјална политика ги задолжи сите органи на државна управа, а се препорачува и другите државни институции и единиците на локална самоуправа да ги ослободат од работа во времетраење од 15.8.2016 (понеделник) до 19.8.2016 (петок) вработените од поплавените подрачја, односно оние што живеат во Стајковци и Синѓелиќ.
„Исто така се препорачува и приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја, односно во населените места Стајковци и Синѓелиќ“, се наведува во соопштението на МТСП.
Минатата недела Владата постигна спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и наместо досегашните 3 дена, предвидува ослободување од работа во рок од 7 дена.
Спогодбата предвидуваше и поголем број слободни денови за периодот кој е опфатен во согласност со Одлуката за прогласување на вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди, донесена од страна на Владата на Република Македонија или друг надлежен орган или институција.
Постоењето на кризната состојба трае 15 дена од денот на нејзиното влегување во сила, односно од 7 август 2016 година.