/ Прочитано:

880

Граѓанските организации во пресрет на Маршот за чист воздух: Премината е секоја граница на толеранција

„Ние, обединетите граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места, кои застанавме зад организацијата на Маршот за чист воздух – #ЗеленаРеволуција, кој ќе се одржи денеска, 29.11.2019 со почеток во 17:00 пред Министерството за животна средина, а пред Владата во 18:00, бараме исполнување на барањата кои се плод на долгогодишна граѓанска активност и иницијативи за подобрување и решавање на многубројните проблеми со загадување и уништување на просторот во кој живееме во нашата земја“, соопштуваат граѓанските организации.

Барањата се остварливи, конкретни, со рокови, и одбрани по темелна анализа, затоа очекуваме посветеност и сериозно внимание за секое од нив. Не прифаќаме одговори дека ЌЕ се работи или се работи, дека е долготраен процес, најмалку дека треба да имаме разбирање зашто процесот е комплексен, тоа го знаеме – затоа и го разделивме на конкретни активности и барања во секоја област.

Несфатливо е одолговлекувањето на конкретни активности, како носење на закони кои стојат готови и чекаат одлука, некои и по 5 години, како Законот за почва.

„Несфатливо е кочењето на одредени активности заради нефункционалност на една или две алки во системот, несфатливо е неспроведувањето на актуелни закони од една или друга институција или причина.

Несфатлива е инертноста кога се во прашање 3.500 животи на ваши сограѓани секоја година и порастот на тешки канцерогени заболувања.

Затоа БАРАМЕ ИСПОЛНУВАЊЕ на сите точки за да не биде принуден активниот граѓански сектор да го подигне револтот на друго ниво и да премине во граѓанска непослушност и повик за бојкот на претстојните избори затоа што е премината секоја граница на толеранција по долгогодишни институционални борби.

Маршот е граѓански, мирен, натпартиски, мултикултурен. Се оградуваме од секакви политички влијанија, секој е добредојден, но без партиски обележја. Оваa заедничка платформа е само почеток и е производ на сите облици на граѓански активизам од годините наназад, поединечен или организиран, сплотен со младешката енергија на оние за кои го бараме ова, за нашата иднина!“, истакнуваат граѓанските организации.

Здружени граѓански организации и иницијативи:

Fridays For Future Skopje,

O2 Иницијатива,

Не биди ѓубре,

Скопје смог аларм,

Мој воздух,

Движење за чист воздух,

Го сакам Водно,

Билка,

Levizja Nena dhe Femija / Движење Мајкa и дете,

Битола сака чист воздух,

Eco Guerilla,

Група граѓани од Визбегово,

Скопје бара чист воздух,

Здрава котлина,

Еко долина,

Младите од Иловица и Штука,

Е.Д.Е.Н.,

Охрид СОС,

Struganët për Strugën / Стружани за Струга,

Шепасти ентузијасти,

Дејзи фемили

Иницијативи кои ги поддржуваат барањата, но не и бојкотот на избори и граѓанска непослушност:

ЕкоКарпош 3,2,1,

Ние сме Карпош 4,

Плоштад Слобода,

Здравје пред профит во Центар,

Shoqata ekologjike GvEko / Еколошко здружение ГвЕко / Ekoloji dernegi GvEko,

Анима мунди,

Young Friends of the Earth Macedonia,

Екоскоп