/ Прочитано:

1.483

Холандска експертска помош за реформите во правосудството

Холандскиот амбасадор во Република Македонија, Ваутер Пломпм најавува експертска помош од Холандија за Македонија во областа на правосудството. Во таа насока, холандскиот амбасадор на денешната средба со премиерот Зоран Заев изрази очекување дека Македонија ќе продолжи со реформските процеси, посебно во делот на правосудството.

Како што информираат од Владата, на средбата било нагласено дека реформите во правосудството ќе придонесат во евроинтеграцискиот процес и била изразена поддршка на политиките што водат кон евроатлантските интеграции на Република Македонија.

М.В