/Прочитано:

420

Индекс на цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2018 година, во споредба со декември 2017 година, е зголемен за 0,2 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 %, Безалкохолни пијалаци за 0,1 % и Ноќевања за 0,3 %, додека во групата Алкохолни пијалаци е забележано намалување за 0,4 %. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,1 %.