/ Прочитано:

6.076

Истражување за перцепцијата на граѓаните за законската регулатива за отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство

Центарот за истражување и креирање политики спроведува истражување за мерење на перцепцијата на граѓаните на Р. Македонија во однос на регулирањето на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителст

Прашањата за отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство се регулирани во Законот за работните односи, поконкретно во членовите  165 и 167 од ЗРО.

Работничката за време на бременост, раѓање и родителство, се вели во членот 165, има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) 15 месеци.

Во врска со користење на отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете, во член 167 од Законот за работните односи се вели дека доколку отсуството од работа за родителство од членот 165 на ЗРО не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето.

Анализата која ја правиме, појаснуваат од Центарот за истражување и креирање политики, ќе се заснова врз мислењата и ставовите на граѓаните за посочената законска регулатива.

Во таа смисла, додаваат од Центарот, перцепцијата на граѓаните во однос на законската регулатива за отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство во Р. Македонија е да се изнајдат можни законски решенија за подобрување на регулативата која се однесува на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство.

Од Центарот за истражување и креирање политики посочуваат дека мерењето на перцепцијата се врши преку прашалник кој е доброволен и анонимен. Пополнувањето на прашалникот може да се реализира на следниов линк.

М.В