/ Прочитано:

2.188

ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОД РЕДОТ НА СУДИИТЕ

Соопштение за јавноста

На ден 14.09.2022 година беа спроведени избори за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите за изборните единици: Врховен суд на Република Северна Македонија, Апелационо подрачје Скопје и управните судови и Апелационо подрачје Гостивар.
На 15.09.2022 година Комисијата констатираше дека до 12:30 часот нема пристигнато приговори  до Комисијата за спроведување на избори, по што Комисијата едногласно одлучи да ги објави официјалните и конечните резултати од спроведените избори за членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и тоа:
Изборна единица: Врховен суд на Република Северна Македонија
1. Мирјана Радевска Стефкова, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија
Изборна единица: Апелационо подрачје Скопје и управните судови
2. Зоран Герасимовски, судија во Апелациониот суд во Скопје
Изборна единица: Апелационо подрачје Гостивар
3. Ивица Николовски, судија во Основниот суд во Тетово
Избраните членови на Советот ќе стапат на новата функција по давање на свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.