/ Прочитано:

1.165

Измени на Законот за матична евиденција за воведување електронски услуги во постапките

Министерството за правда подготвува измени на Законот за матична евиденција. Со Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција се врши усогласување и имплементација на регулативата EIDAS во Законот за матична евиденција како и имплементација на REGULATION (EU) No 910/2014 OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL on electronic identification and trust services for electronic transactions in the internal market and repealing Directive 1999/93/EC во врска со воведување и имплементирање на електронски услуги во постапките кои произлегуваат од законот за матична евиденција.

„Главна цел на донесувањето на овој закон е во него да се вградат одредбите од трите закони со цел да се воспостават постапките за запишување на новороденче, запишување на брак и запишување на смрт во матичните книги по електронски пат преку националниот портал, потоа да се овозможи размената на документи во електронски облик, издавањето на јавните исправи во електронски облик и изедначувањето на електронски издадените документи со редовно издадените документ сето тоа во функција на обезбедување на електронски услуги за корисниците на услугите“, се вели во законското образложение.

М.В