/ Прочитано:

2.106

Измените на законите за нотаријатот и за извршувањето пред  Комисијата за политички систем

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, кои се во фаза на прво читање, се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување има за цел да ја олесни, поедностави, поевтини и зголеми  ефикасноста при остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а во правец на надградување на  системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите, почитувајќи го интегритетот на должникот.

Сите решенија преточени во одредбите на Предлог-законот се одраз на потребите од решавањето на постојните проблеми со кои се соочуваат доверителите, должниците и извршителите во пракса, а во крајна линија стопанството и граѓаните во полесниот пристап до остварувањето на нивните права и интереси како клучен сегмент на владеењето на правото во правната држава. Воедно се надминуваат и отворените прашања кои произлегоа од укинувањето на дел од одредбите од страна на Уставниот суд на Република Македонија.

Со Предлог-законот воедно се имплементираат стратешките приоритети на државата определени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено во правец на намалување на трошоците за граѓаните во сите постапки, вклучувајќи ја и прекршочната“, се образложува во измените на Законот за извршување.

„Со измените и дополнувањата на Законот за нотаријатот ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, содржински ќе се преуредат и допрецизираат законските одредби кои поради нивната недореченост во праксата оставаа простор за различно толкување.

Со унапредувањето на функционирањето на нотаријатот во Република Македонија ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, воедначена примена на законските одредби од страна сите нотари во Република Македонија, а истовремено ќе се влијае на зголемување на ефикасноста на постапките пред нотар“, се образложува во предложените измени на Законот за нотаријатот.

Објаснување на измените на Законот за нотаријатот, кои се во собраниска процедура

Измените на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување пред пратениците

Симулација за намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред извршителите и нотарите

Владата ги прифати законските измени за намалување на трошоците за нотарите и за извршителите

АКРМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА:  Активно да бидеме вклучени во подготовката на измените на законите за нотаријатот и за извршување

М.В