Извештајот за детското престапништво пред Комисијата за политички систем и на собраниска седница
Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2018 година е не дневен ред на Комисијата за политички систем. Извештајот е на дневен ред и на денешната собраниска седница.
Годишниот извештај на ДСПДП дава преглед на состојбата со правата на децата и детското престапништво во Република Македонија во 2018 година, постигнатиот напредок во однос на препораките од претходниот извештај, клучните предизвици и насоки за нивно надминување. Во извештајот се содржани податоци за остварување на правата на децата, нивната заштита и реализираните превентивни мерки од страна на институциите.
Извештај за детското престапништво: Судовите не ја применуваат мерката упатување во Центар за деца
М.В