/ Прочитано:

504

Уставниот суд го објави Прегледот на работата на Уставниот суд за 2023 година

Како што се наведува во Прегледот на работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија за 2023 година, во периодот од 1 јануари 2023 заклучно со 31 декември 2023 година, Судот постапувал по вкупно 359 предмети. Од нив, 210 предмети биле оформени во текот на 2023 година, а 149 биле пренесени како незавршени од претходните години. Од вкупниот број предмети во работа во текот на годината биле завршени 185 предмети, а останале незавршени 174 предмети.

Во текот на 2023 година, од вкупно 210 оформени предмети, 101 предмет се однесуваат на оценката на согласноста на законите со Уставот (48,1%), 100 предмети се однесуваат на оценка на уставноста и законитоста на други прописи и акти (47,62%), два предмети се однесуваат на решавање судир на надлежност (0,95%) и поднесени се 7 барања за заштита на слободи и права (3,33%).

Од вкупниот број на решени предмети во 2023 година – 185, во поголем дел биле оспорени закони или одделни законски одредби – 98 (53%), во 71 предмет биле оспорени прописи и други општи акти (38%), 15 предмети биле барања за заштита на слободи и права (8%) од вкупниот број решени предмети и 2 предмети се однесувале на барања за решавање судир на надлежност (1%).

Целосниот текст на Прегледот на работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија за 2023 година може да го превземете од веб-страницата на Уставниот суд.