/Прочитано:

1.170

Јакнење на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво

Во рамките на проектот на Институтот за стратешки истражувања и  едукација – ИСИЕ „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво (www.referendum.mk)“ на 6 септември 2018 година се одржа втората обука наменета за зајакнување на капацитетите на општинската администрација и граѓанските организации во Општина Гази Баба.

Целта на проектот е граѓаните активно да го користат референдумот за решавање на нивните локални проблеми. Во таа насока на обуката обраќање имаше градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, кој ги охрабри граѓаните масовно да практикуваат облици на непосредна демократија како што е референдумот и ја потенцираше својата посветеност на практикувањето на овие форми на непосредна демократија.

На обуката обучувач беше проф. д-р Ивана Шумановска-Спасовска од Правниот факултет „Јустинијан Први”, а проф. д-р Дарко Спасевски го презентираше концептот на проектот, како и „Водичот за референдум на локално ниво“. Проектот се реализира во рамките на грантовата програма  на „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, а  финансиски е поддржан од ЕУ.

M.В