Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Граѓанскиот суд
„И тоа се случи. Во соопштение за јавноста од 03.02.2022 година, Македонската банкарска асоцијација наведува дека во стечајната постапка за Еуростандард банка постоела можност да се нанесе НЕНАДОМЕСТЛИВА ШТЕТА ДИРЕКТНО НА ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ, И СО ТОА ИНДИРЕКТНО НА БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ кои го финансираат овој фонд. Сите што се малку поупатени во оваа проблематика сигурно во неверување ги триеле очите прашувајќи се дали навистина Македонската банкарска асоцијација тврди дека во стечајната постапка на Еуростандард банка би можела да биде нанесена ненадоместлива штета директно на Фондот за осигурување на депозити и индиректно на банките и штедилниците.
Ова соопштение следи откако пред ден или два во јавноста беа споделени информации дека банките и штедилниците направиле рекордни, историски профити минатата 2021 година. Затоа, ова соопштение на Македонската банкарска асоцијација слободно може да најде место во рубриката – ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. Очигледно, Македонската банкарска асоцијација ги помешала поимите ПРОФИТ и ШТЕТА. Затоа, ќе ги потсетиме дека поимот профит значи добивка, односно заработувачка, додека поимот штета значи намалување на нечиј имот. Во таква ситуација e нејасно е како Македонската банкарска асоцијација смета дека банките и штедилниците ќе претрпат штета, бидејќи веројатно не смета дека РЕКОРДНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПРОФИТИ за нив претставуваат штета. Ова тврдење, по јавното обелоденување на податоците за профитите на банките и штедилниците, не само што звучи несериозно, туку во исто време е непристојно и недостојно за една ваква институција.
Во исто време, Македонската банкарска асоцијација оценува дека во стечајната постапка на Еуростандард банка треба да се почитува Законот за стечај по однос на намирување на побарувањата на доверителите, бидејќи според неа, Фондот бил доверител со неспорно побарување како во стечајната постапка, така и за правниот систем на нашата држава. Со оглед дека се прави обид да се прикаже дека во стечајната постапка за Еуростандард банка треба да се почитува законот, особено Законот за стечај, би сакале да изнесеме неколку аргументи, како и вредности за кои се залагаме да се почитуваат, како во стечајната постапка, така и во државата воопшто. Првата вредност на која постојано инсистираме е токму владеење на правото. Во таа смисла, би сакале да укажеме дека ваква состојба каква што се случува во стечајната постапка на Еуростандард банка може да има само во држава во која не владее правото или во држава која не е правна. Од тука, на Македонската банкарска асоцијација, но и на целокупната јавност ќе и укажеме што ќе се случеше со статусот на Фондот за осигурување на депозити доколку постоењето на правната држава беше реалност.
1. Фондот за осигурување на депозити денес немаше да биде доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка, особено по Одлуката на Уставниот Суд за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки. Зошто? Затоа што ниту во Законот за Фондот за осигурување на депозити, ниту во било кој друг закон не постои одредба која му дава право на Фондот за осигурување на депозити да биде доверител во стечајна постапка за банка. Неговата обврска за исплата на депонентите физички лица до 30.000 евра утврдена е со закон, соодветно на што, и неговото право на регрес (враќање) на исплатените средства во стечајната постапка треба да биде утврдено со закон. Но, таков закон не постои, поточно, нема материјална одредба во ниту еден закон според која Фондот за осигурување на депозити, врз основа на своето регресно право, може да биде доверител во стечајната постапка за банка. Затоа, Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје мораа, преку правна еквилибристика, и врз основа на непостоечка посебна (sui generis) законска суброгација, каде правен основ е подзаконски акт (Статутот на Фондот за осигурување на депозити), да утврдат дека Фондот останува доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка. Тоа е реалноста на правната држава која ја живееме, ние како оштетени штедачи, Фондот како потенцијално оштетен ако навистина оштетените си ги добијат назад своите заробени пари, но и банките и штедилниците со своите рекордни профити, разбрани како индиректна sui generis штета.
2. Во таквата реалност на нашата правна држава, Фондот за осигурување на депозити остана доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка без да биде наведено од страна на Основниот граѓански суд Скопје и од Апелациониот суд Скопје во кој закон е предвидена посебна (sui generis) законска суброгација. Поради што, како Здружение очекуваме произнесување од Судскиот совет по барањето за утврдување на одговорност поради несовесно и нестручно постапување на судиите кои одлучувале по овој предмет. Со оглед дека Македонската банкарска асоцијација се повикува на примена на законите, директно ги прашуваме нивните претставници – можат ли тие да одговорат на прашањето според кој материјален закон Фондот за осигурување на депозити продолжува да биде доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка? За да не убедат нас оштетените дека не сме во право, но и да му помогнат на судот во трагање по законот што тој сеуште не успеал да го пронајде.
3. Се прави обид Фондот во јавноста да се прикаже како значаен, речиси клучен фактор кој дава придонес за создавање на стабилен и сигурен банкарски сектор на начин што навремено и ефикасно ја извршува својата законска обврска при ризичен настан. Но, вистината е поинаква. Фондот за осигурување на депозити, всушност, има најголема одговорност за тоа што нашето законодавство не е усогласено со европските практики и особено со Евроската директива за системите на осигурување депозити од 2014 година и со условите предвидени во неа. Тие услови, патем, се многу поповолни за депонентите од тие во нашето законодавство. Притоа, Фондот, не само што не прави ништо за државата и нејзините граѓани, туку тој не прави ништо ниту за сопственото усогласување со домашното законодавство соодветно на својата обврска при ризичен настан на банка, што е содржано и во анализата на Парламентарниот институт на Собранието како највисок законодавен дом. Од тука, јасен е мотивот зошто Македонската банкарска асоцијација се јавува во заштита на Фондот, и тој мотив е само и единствено висината на профитот што овој и ваков Фонд им го овозможува на банките и штедилниците. Тука не може да стане ниту збор за некаков фактор кој гарантира поширока стабилност и сигурност.
Поради сето наведено, Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка, не само што не сугерира да не се почитува Законот за стечај, туку за цело време инсистира на доследна примена на законот. Но, во исто време сугерираме дека не може законот селективно да се применува, и против тоа категорички се бориме. Затоа, очекуваме дека граѓанскиот суд Скопје овојпат нема да има селективен пристап кога ќе одлучува, поточно, очекуваме потврда на планот за авансна распределба. Имено, како што Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје направија се само Фондот за осигурување на депозити да не го загуби статусот на доверител преку примена на, слободно можеме да кажеме, измислена sui generis законска суброгација, тогаш, според истиот принцип, треба да биде применет институтот „суброгација” и при утврдувањето на испланиот ред на Фондот за осигурување на депозити во авансната распределба на средствата од стечајната маса. Бидејќи Фондот, според законот, и според дејноста регистирана во Централниот регистар, е изедначен со осигурителните друштва и за него треба да важат истите правила при случување на ризичен настан како и за осигурителните друштва. Токму таков ризичен настан е стечајот на Еуростандард банка и правилата за суброгација што важат за осигурителните друштва, во стечајната постапка за Еуростандард банка, треба да важат и за Фондот за осигурување на депозити“, посочија денеска од Здружението „Правда за штедачи“ пред Граѓанскиот суд.
„Правда за штедачи“: Судот на јавноста
Правда за штeдачи: Правично и законито решение за доверителите на Еуростандард банка
Некои специфичности на стечајната постапка за Еуростандард банка
„Правда за штедачи“: Судскиот совет треба будно да го следи предметот
Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“
„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет
Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“
„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата
Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд
Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија
„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки
Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу
Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд
Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките
Здружение „Правда за штедачи“: Се надеваме дека Уставниот суд ќе одржи седница во рокот за предметот
Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките
Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките
Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити
Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд
Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд
Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка
ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“
Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра
Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка
ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки
Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“
Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“
ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени
Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај
Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В