/ Прочитано:

5.843

Правда за штедачи: Очекуваме неселективен пристап од Основниот граѓански суд

„Статусот на Фондот за осигурување на депозити како доверител во стечајна постапка на банка не е дефиниран во ниту еден закон. Дури и во статутот на Фондот, неговиот интерен акт донесен од Управниот одбор на Фондот, на којшто се повикаа судовите и решија дека Фондот е доверител во стечајна постапка на банка, во него стои дека статутот треба да биде во согласност со закон, а таков закон нема. Поточно, имаше член 163 став 3 од Законот за банки, но сега и таа одредба ја нема во законот.

Ниедна инстутиција до сега не одговори врз основа на кој материјален закон Фондот за осигурување на депозити е доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка. Нема одговор ниту од Македонската банкарска асоцијација (МБА) која застана во одбрана на Фондот за осигурување на депозити и нејзиното место во наплата на насобраните парични средства од стечајната маса на Еуростандард банка. Здружението „Правда за штедачи“ се надеваше дека оваа банкарска асоцијација има и експерти кои можат да одговорат на ова прашање, кога веќе јавно повикуваат дека треба да се почитуваат законите и правниот систем. Ние, од Здружението „Правда за штедачи“ постојано повикуваме за почитување на правниот систем и доследно спроведување на законите, но еве не добиваме одговор на основното прашање односно врз основа на кој материјален закон Фондот е доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка. Бидејќи не добивме одговор, очекуваме Судскиот совет да се произнесе по нашето барање за утврдување на одговорност поради несовесно и нестручно постапување на судиите кои одлучувале по овој предмет.

И додека Судскиот совет размислува што ќе прави и како да одговори на нашето барање за утврдување на одговорност на судиите, ние сме исправени пред уште една препрека во докажување на правото. Откако се укина членот 163 став 3 од Законот за банки,  местото на Фондот во исплатниот ред од стечајна маса на банка не е дефинирано во ниту еден закон. Го нема. Но, бидејќи судовите одлучија да употребаат посебна (sui generis) законска суброгација врз основа на Законот за облигациони односи и го одредија Фондот како понатамошен доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме Основниот граѓански суд и Апелациониот суд од Скопје да бидат доследни во користење на истиот тој закон според којшто е направен планот за авансна распределба, донесен од Одборот на доверители на Еуростандард банка во стечај.

Инсистираме на доследна примена на законите. Очекуваме дека Основниот граѓански суд Скопје нема да има селективен пристап кога ќе одлучува, поточно, очекуваме потврда на планот за авансна распределба. Имено, како што Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје направија се само Фондот за осигурување на депозити да не го загуби статусот на доверител преку примена на измислена sui generis законска суброгација, тогаш, според истиот тој принцип, треба да биде применет институтот „суброгација и при утврдувањето на исплатниот ред на Фондот за осигурување на депозити во авансната распределба на средствата од стечајната маса на Еуростандард банка. Бидејќи Фондот, според законот, и според дејноста регистирана во Централниот регистар, е изедначен со осигурителните друштва и за него треба да важат истите правила при случување на ризичен настан како и за осигурителните друштва. Токму таков ризичен настан е стечајот на Еуростандард банка и правилата за суброгација што важат за осигурителните друштва, во стечајната постапка за Еуростандард банка, треба да важат и за Фондот за осигурување на депозити.

Очеуваме Основниот граѓански суд Скопје да ја потврди заштитата на јавниот интерес односно да нема селективен пристап кога ќе одлучува и да го потврди планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители на Еуростандард банка во стечај. Тоа е единственото праведно и законито решение со коешто целосно се решава судбината на најмалку 3.000 оштетени семејства на граѓани и фирми депоненти во Еуростандард банка“, соопштуваат од Здружението.

Правда за штедачи: Во исчекување  на праведна одлука на Основниот граѓански суд Скопје

Соопштение на ФОД: Осигурувањето на депозитите се наплаќа со рамна стапка – иста за сите членки

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Граѓанскиот суд

„Правда за штедачи“: Судот на јавноста

Правда за штeдачи: Правично и законито решение за доверителите на Еуростандард банка

Некои специфичности на стечајната постапка за Еуростандард банка

Правда за штедачи: Зошто нашето законодавство за стечај на банка ги оштетува депонентите правни и физички лица?

Правда за штедачи: Фондот за осигурување на депозити да подготви законски измени кои ќе ги штитат граѓаните

„Правда за штедачи“: Дали криминалот и корупцијата ќе останат да бидат двигател и во стечајната постапка на Еуростандард банка

„Правда за штедачи“: Дали Судскиот совет ќе постапи по барањето за утврдување на одговорност на судиите

„Правда за штедачи“: Судскиот совет треба будно да го следи предметот

„Правда за штедачи“: Тоа што го констатирал и укинал Уставниот суд, некој треба да го спроведе на дело

Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет

Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В