Јавна расправа на тема „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа – младинските политики и соработка“
Денеска Националниот совет за евроинтеграции ќе одржи јавна расправа на тема „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа – младинските политики и соработка“.
Националниот совет за евроинтеграции е основан во функција на засилување на активностите и одговорностите на сите надлежни државни органи и институции во обезбедувањето заедничка согласност и координирано дејствување во процесот на добивање членство на Македонија во Европската Унија.
Една од надлежностите на Советот е да го следи и да го оценува текот на активностите за добивање членство на Македонија во Европската Унија и да дава мислења и насоки во врска со подготовките за започнување на прeговорите.
М.В