Се подготвува нов Закон за воздухопловство
Министерството за транспорт и врски подготвува нов Закон за воздухопловство. Со новиот Закон за воздухопловство се регулираат следните работи во однос на постојниот Закон за воздухопловство:
- Усогласување на дефинициите од Законот со Чикашката Конвенција и прифатените ЕУ Регулативи,
- Утврдување на статусот за регулирање и надлежност на одредени државни воздухоплови,
- Измена на надлежноста за донесување на подзаконски акти согласно препораките од оценските мисии
- Измена на моделот на финанасисрање на Агенцијата за цивилно воздухопловство со прифатените ЕУ Регулативи
- Измена на одредбите за отчестност на Агенцијата за цивилно воздухопловство
- Измена на одредбите за јавен воздушен превоз
- Измена на одредбите во делот за обезбедување
- Утврдување на надлежност на ЦУК за потрага и спасување и др.
М.В