/ Прочитано:

621

Јавна расправа за состојбата со човековите права во казнено-поправните установи

Денеска  во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ќе се одржи јавна расправа на тема: „Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“.

Една од надлежностите на Комисијата е да  разгледува начелни прашања, предлози и мислења во врска со остварувањето на одредбите на Уставот, закони и други прописи и акти од значење за остварување и заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Инаку, во извештајот на Народниот правобранител се констатира дека условите за сместување се исти како и претходните години, со што и натаму се нарушува човечкото достоинство. Во затворите има нехумани услови и потребно е итно преземање мерки и активности за подобрување на материјалната инфраструктура во казнено-поправните установи, особено во притворските одделенија, при што ќе се води сметка за целосно почитување на минималните стандарди за задржување на лица.

Народниот правобранител изразува сериозна загриженост за условите во затворите, во полициските станици и во прифатните центри

М.В