/ Прочитано:

534

Ќе се ажурираат податоците за сите кривични пријави за случаи на корупција

„Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција, Министерството за финансии – Царинска управа, Министерството за финансии – Управа за јавни приходи и Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање, најдоцна до 1 март 2021 година, во веб-апликацијата ‘Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари’ да ги внесат, односно да ги ажурираат внесените податоци за сите кривични пријави, односно извештаи за случаи на корупција и перење пари доставени до основните јавни обвинителства во периодот јануари 2019 година – декември 2020 година, за целосен увид во статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари“, соопштуваат од Владата.

ТИ: Оваа година Македонија најниско рангирана на Индексот за перцепција на корупцијата

М.В