/Прочитано:

1.094

Компаниите бараат регулирање на увозот на употребувана техничка стока и забрана за нејзино пуштање во промет

Во Македонија е потребно воведување европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увозот и пуштањето во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, како и имплементација на најновите светски технологии од информатичката област, развој на информатичкото општество и дигиталната трансформација во Република Македонија.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на Групацијата на провајдери на дигитални решенија,  при Стопанската комора, на која говореа претседателот на Групацијата, Александар Пајковски, од „ДУНА“ – Скопје, и потпретседателот на Групацијата, Мирко Мариќ, од „Еви интернационал“ – Скопје.

Пајковски и Мариќ истакнаа дека компаниите продолжуваат да работат на остварување на барањата пред надлежните институции и дека се отворени за соработка со сите засегнати страни кои сакаат да станат дел од ваквото движење.

Групацијата на провајдери на дигитални решенија, која беше формирана во септември 2017 година во рамките на Стопанската комора на Македонија, продолжува со своите активности за воведување нови технологии и иновации во областа на дигиталното печатење и управувањето со документи.

Во изминатата година тие постигнаа значителен напредок во подигнувањето на свеста од штетните влијанија на старата ИТ-опрема. Но како што и самите велат, имаат уште многу работа до постигнување на главната цел – регулирање на увозот на употребувана техничка  стока и забрана за нејзино пуштање во промет.

M.В

 

Погледнете и ..