/ Прочитано:

1.174

КРИВИЧЕН СУД: Одземен пасошот на градоначалникот Талески

Околу два часа траеше распитот на градоначалникот Талески пред судија на претходна постапка. По завршување на распитот Талески замина од задниот влез на Судот.

sud nadvor

Во врска со предлогот за определување на мерка притвор против осомничениот Владимир Талески кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Транспортер“, судија на претходна постапка по негово разгледување донел решение со кое предлогот е одбиен, а определена е мерка на претпазливост, односно одземање на патната исправа на осомничениот, информираат од Кривичниот суд.

„СЈО имаат право да поднесат жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1  – Скопје“, велат од Кривичен.

Околу два часа траеше распитот на градоначалникот Талески пред судија на претходна постапка. По завршување на распитот Талески замина од задниот влез на Судот.

Неколку минути пред неговото заминување, претставници на СЈО во Судот пренесоа неколку кутии, најверојатно со доказен материјал, и потоа и тие си заминаа од Судот.

taleski sud

Дваесет и две лица, меѓу кои и градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, се осомничени во предметот „Транспортер“ поради злоупотреба на 360 илјади евра од Буџетот на Република Македонија преку кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања од чл. 353 ст. 5 од КЗ.

За двајца осомничени Судот определи куќен притвор, додека за осуммина – мерки за претпазливост.

Покрај мерки за обезбедување на присуство на осомничените во текот на постапката, СЈО поднесе и предлози за изрекување мерки против имотот на дел од осомничените и на дел од превозниците како правни лица кои поради кривичните дела стекнале имотна корист.

„По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, до Основен суд Скопје 1 – Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сè уште не се доставени предлози за остварување на имотноправно барање, иако тоа од наша страна беше побарано, додаваат од СЈО во однос на предметот ’Транспортер’“, информираа од СЈО минатата недела.