/ Прочитано:

1.528

Кривичниот суд: Се укинува мерката куќен притвор за Сашо Мијалков

„Заради зголемен интерес на медиумите ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по службена должност во кривичноправен предмет против С. М.  согласно член 173 ст. 1 т. 6 в.в. со ст. 3 в.в. со член 481 ст. 4 в.в. со член 146 ст. 1 т. 2 и 3 в.в со ст. 2  од ЗКП донесе решение со кое се укинува мерката куќен притвор за обвинетиот определена со решение на Апелациониот суд – Скопје од 28.03.2019 и спрема истиот се определуваат мерки на претпазливост и тоа: Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот  и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна или друга исправа, како и забрана за преминување на државната граница со лична карта.

Имено, со решение на Основниот суд Скопје 1 – Скопје при изрекување на пресудата за предметот од обвинителството значен како ‘Титаник 2’ на обвинетиот му е определена мерка притвор. Со решение на Апелациониот суд  – Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определена мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена согласно член 481 ст. 2 в.в. со член 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП.

Со оглед да рокот од 60 дена истекува на 6.5.2019 година, советот постапувајќи по службена должност утврди дека мерката куќен притвор треба да се укине.

Согласно член 481 ст. 4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот да се стави во притвор, односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 165 ст. 1 т. 1, 2 и 3. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Врховниот суд му ја укина мерката куќен притвор на Мијалков во предметот „Империја“

Целосниот текст на решенијата на Врховниот суд за укинувањето на мерката притвор за обвинетите во предметот „Империја“

Предлогот на автентичното толкување се усвојува со истото мнозинство со кое се донесува законот на кој се дава автентичното толкување

Јавниот обвинител на РМ ќе поднесе барање до Собранието за автентично толкување на членот 22 од Законот за СЈО

Заклучоци на стручниот колегиум на Јавното обвинителство за начелното правно мислење на Врховниот суд

Јавниот обвинител на РМ го свика стручниот колегиум за мислењето на Врховниот суд и предметите на СЈО

Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни

Законските надлежности на Врховниот суд

Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни

Кривичниот суд во целост го објави дописот до јавниот обвинител на РМ за постапувањето со предметите на СЈО

Кривичниот суд: Јавниот обвинител да се произнесе за постапувањето во предметите на СЈО

Постапката за барање автентично толкување во Деловникот на Собранието на РМ

ВРХОВЕН СУД: По истекот на рокот од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија

Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

М.В