/ Прочитано:

3.904

Лексикон на македонски медиумски и правосудни термини

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на својата веб-страница го објави Лексиконот на македонски медиумски и правосудни термини.

Лексиконот на медиумски и правосудни термини е збирка на појаснувања на термините кои секојдневно се користат од страна на медиумските работници, но и од страна на вработените во правосудните органи кои комуницираат со медиумите.

Лексиконот има цел да им го олесни работењето на новинарите и на вработените во правосудството и воедно да ја олесни нивната меѓусебна комуникација.

Публикацијата е подготвена во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“. Програмата е финансирана од Европската Унија и од Советот на Европа, а имплементирана од Советот на Европа.

Лексикон на македонски медиумски и правосудни термини