Маричиќ: Паролата „Нема правда – нема мир“ е уште жива
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денес се обрати на настанот организиран од „Цивил“ по повод петгодишнината од почетокот на „Шарената револуција“. Маричиќ истакна дека борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува и дека тоа е континуиран процес.
„Велевме ‘Нема правда – нема мир’ и сега од позиција на министер, функција на која сум само неколку месеци, чувствувам огромна одговорност, но и задоволство што заедно со Владата работиме на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем“, рече Маричиќ.
За Маричиќ паролата „Нема правда – нема мир“ е уште жива.
Taa е водилка која ни покажува дека никогаш не смееме да го изгубиме фокусот од правдата како фундамент за секое развиено и модерно општество.
М.В