/ Прочитано:

3.835

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Распишан конкурс за именување на нотари за пет подрачја

Заинтересираните кандидати можат да се пријават за сите нотарски места објавени во конкурсот, а можат и да определат приоритет на местата на кои сакаат да бидат именувани.

Илустрација пишување

Министерството за правда распиша конкурс за именување на пет нотари за неколку нотарски седишта.

Според конкурсот, ќе бидат именувани нотари за следните нотарски седишта:

  • едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гостивар;
  • едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кочани;
  • едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово;
  • едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на основните судови во Скопје и
  • едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд на Тетово.

Кандидатот кој ќе конкурира за именување на нотар треба да ги исполнува условите предвидени во членот 9 и членот 10 од Законот за нотаријатот, и тоа:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • да е деловно способен и да ги исполнува општите услови определени со закон за засновање на работен однос во државен орган;
  • да е дипломиран правник;
  • да има положено нотарски испит;
  • да има работно искуство во правни работи најмалку пет години;
  • да ужива углед за вршење на нотарски работи, односно да не е презадолжен и
  • да има дадено изјава дека ќе обезбеди опрема и простории за нотарска канцеларија сместена во градежен објект со посебен влез и да не биде помала од 30 м2.

Кон пријавата, заинтересираните кандидати треба да приложат кратка биографија, уверение за државјанство, уверение за деловна способност, лекарско уверение, уверение за завршен правен факултет, уверение за положен нотарски испит и други документи.

Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена од денот на објавување на конкурсот во „Службен весник“. Пријавите се поднесуваат до Нотарската комора на Република Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават за сите нотарски места објавени во конкурсот, а можат и да определат приоритет на местата на кои сакаат да бидат именувани.