Министерството за правда објави именик на лиценцирани медијатори
Тие имаат лиценца за работа како медијатори која е со важност од пет години, односно до 2021 година.
Министерството за правда објави список на лиценцирани медијатори. Во именикот на медијатори се наведени три лица.
Тие имаат лиценца за работа како медијатори која е со важност од пет години, односно до 2021 година.
Медијатор може да биде работоспособно физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи.
Според Законот за медијација, лиценца за медијатор му се издава на лицето кое ќе го положи испитот за проверка на теоретските познавања и практичните вештини на медијацијата пред Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата и ќе презентира склучен договор за осигурување од одговорност за штета согласно со членот 24 став (4) од овој закон.
Издадената лиценца важи пет години и може да се продолжи или да се одземе во зависност од резултатите од евалуацијата на квалитетот на работењето на медијаторот.