/Прочитано:

1.067

Министерството за правда објави нова листа на лиценцирани медијатори

Меѓу нив се јавува и Бранко Ушковски, поранешниот претседател на Судскиот совет на Република Македонија, чиј мандат како член и претседател на Советот заврши во април оваа година.

Илустрација

Министерството за правда објави нова листа на лиценцирани медијатори, на која има седум лица. Меѓу нив се јавува и Бранко Ушковски, поранешниот претседател на Судскиот совет на Република Македонија, чиј мандат како член и претседател на Советот заврши во април оваа година.

Лицата имаат лиценца за работа како медијатори со важност од пет години, односно до 2021 година.

Медијатор може да биде работоспособно физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи.

Според Законот за медијација, лиценца за медијатор му се издава на лицето кое ќе го положи испитот за проверка на теоретските познавања и практичните вештини на медијацијата пред Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата и ќе презентира склучен договор за осигурување од одговорност за штета согласно со членот 24 став (4) од овој закон.

Лиценцата може да се продолжи или да се одземе во зависност од резултатите од евалуацијата на квалитетот на работењето на медијаторот.