МТСП во врска со исплатата на правата од социјална и детска заштита
„Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник,6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките. Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.
Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
– 6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш“, соопштуваат од МТСП.