На 15 септември нов оглас за кандидати за судски преведувачи

Огласот ќе трае 15 дена од денот на објавувањето, а кандидатите за судски преведувачи треба да ја достават потребната документација до Министерството за правда најдоцна до 30.9.2016 година.

Илустрација пишување

Министерството за правда најавува дека на 15 септември ќе биде објавен новиот оглас за наредната испитна сесија за судски преведувачи.

Огласот ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за правда и во два дневни весници.

Огласот ќе трае 15 дена од денот на објавувањето, а кандидатите за судски преведувачи треба да ја достават потребната документација до Министерството за правда најдоцна до 30.9.2016 година.