/Прочитано:

457

Намалувањето на драконските казни за граѓаните и за фирмите – цел на новиот Закон за прекршоците

Предлог-законот за прекршоци е усвоен на седница на Владата. Неговата главна цел е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите. За физичките лица глобите ќе бидат помали за 75%, додека за малите фирми казните ќе се намалат за два и пол пати.

Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите и нема да го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, Предлог-законот предвидува и опомена заради превенција.

Околу 200 закони во кои е уредена висината на казната ќе треба да се усогласат со Законот за прекршоци, а казните нема да смеат да ги надминат утврдениот минимум и максимумот.

Остануваат високи казните за прекршоци кои предизвикуваат општествена опасност, како и оние коишто се против животната средина и уништувањето на културното богатство… Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Бизнис-заедницата посочува дека Законот за прекршоци е од особен интерес за компаниите и треба да биде поттик за деловните субјекти да можат да го коригираат своето работење и да ги исполнуваат сите предвидени законски обврски.

Од Владата велат дека им излегле во пресрет на барањата на бизнис-заедницата за намалување на драконските казни, кои се злоупотребувале за затворање и уништување на фирмите, како и за уцени. Компаниите отсега ќе мора да знаат дека столбот на казнената политика ќе биде превенцијата.

Измените на Законот за прекршоците беа најавени од Министерството за правда во месец мај. Целта на новото законско решение, посочија од Министерството за правда, ќе биде првенствено намалување на прекршочните глоби, потоа јасно разграничување помеѓу административниот престап и судскиот прекршок, превенција наместо репресија, односно изрекување на опомена пред да се изрече административен престап, кога е тоа возможно, како и подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка.

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

М.В