/ Прочитано:

949

Ублажување на прекршочните санкции во Законот за заштита на укажувачи

 

Измени на Законот за заштита на укажувачи се во собраниска процедура. Целта на законските измени е усогласување со Законот за заштита на прекршоците во насока на ублажување на прекршочните санкции за прекршување на должностите утврдени со Законот за заштита на укажувачи и изрекување на глобите за правните лица градуирано според нивната големина.

Законот за заштита на укажувачи  ги уредува заштитеното пријавување во јавниот и приватниот сектор заради заштита на јавниот интерес, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.

„Со Законот за прекршоците донесен на 25.02.2019 година се уредуваат општите  услови  за  пропишување  на  прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки.

Согласно преодните и завршните одредби од Законот за прекршоците, рокот за усогласување на законите во кои се пропишани прекршочни санкции со одредбите на Законот за прекршоците е шест месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за прекршоците. Согласно член 132 став (2) ‘Законите  во  кои  се  пропишани  прекршочни  санкции  ќе  продолжат  да  се применуваат сѐ до нивното усогласување со одредбите на Законот за прекршоците, но најдоцна шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.’

Со донесениот нов Закон за прекршоците утврдена е политика на ублажување на глобите за физичките лица и градуирање на глобите за правните лица по утврден распон предвид нивната големина (класификација на трговците согласно Законот за трговските друштва).

Прекршочните одредби од Законот за заштита на укажувачи не се усогласени со одредбите од Законот за прекршоците“, се посочува во законското образложение.

М.В