Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: октомври 2022 година
Во октомври 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,05 п.п. и изнесува 4,40%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74% и оствари месечно зголемување од 0,04 п.п., додека на годишно ниво оваа каматна стапка бележи пад од 0,03 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во октомври изнесува 4,44%, што претставува месечно и годишно зголемување од 0,35 п.п. и 0,50 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,50% и е повисока за 0,43 п.п. и 0,71 п.п., соодветно на месечна и на годишна основа.
Целосното соопштение можете да го погледнете тука.