Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: септември 2022 година
Во септември 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари минимално месечно зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 4,35%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,11 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,70%, што претставува минимален месечен раст од 0,01 п.п., додека на годишно ниво забележа пад од 0,08 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во септември, изнесува 4,09% по забележан месечен и годишен раст од 0,05 п.п. и 0,06 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,15 п.п. и 0,22 п.п., соодветно на месечна и на годишна основа и изнесува 1,07%.
Целото соопштение на Народната банка можете да го најдете тука.