/ Прочитано:

1.276

Националниот совет за евроинтеграции ќе расправа за очекувањата од процесот на пристапување во ЕУ

Денеска Националниот совет за евроинтеграции ќе одржи расправа за очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во Европската Унија.

Националниот совет за евроинтеграции е основан во функција на засилување на активностите и одговорностите на сите надлежни државни органи и институции во обезбедувањето заедничка согласност и координирано дејствување во процесот на добивање членство на Македонија во Европската Унија.

Една од надлежностите на Советот е да го следи и да го оценува текот на активностите за добивање членство на Македонија во Европската Унија и да дава мислења и насоки во врска со подготовките за започнување на прeговорите.

Инаку, во контекст на процесот на пристапување во ЕУ, од МНР информираат дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел, кога се очекува Советот на ЕУ да донесе одлука за датум за почеток на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ. Според информациите, Франција бара поинаков пристап за почеток на преговорите, односно на процесот на проширување на Унијата.

М.В