/ Прочитано:

1.187

Неизвесно е продолжението на процесот „Дива Населба“

Меѓутоа, неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи на последното рочиште адвокатите на обвинетите најавија дека ќе го бојкотираат судењето доколку Основниот суд Скопје 1 не обезбеди соодветни услови за работа на одбраната, како и место за барем по еден роднина на обвинетите.

Дива населба, прво рочиште

За денеска е закажано ново рочиште за случајот „Дива Населба“, во кој 29 лица се обвинети за терористичко организирање и за тероризам во врска со настаните од 9 и 10 мај минатата година во Кумановско.

Меѓутоа, неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи на последното рочиште адвокатите на обвинетите најавија дека ќе го бојкотираат судењето доколку Основниот суд Скопје 1 не обезбеди соодветни услови за работа на одбраната, како и место за барем по еден роднина на обвинетите.

Поради тоа што го прекинаа рочиштето, судот ги казни адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дардхишта и Мефаил Арслани со 1 200 евра казна, а Рауфи и Дардхишта ги задолжи да ги покријат трошоците за организирање на главната расправа, кои изнесуваат околу 40 илјади евра.

Вчера министерот за правда, Аднан Јашари, изјави дека испратил барање до Врховниот суд за отстапување на големата сала за одржување на рочиштата за овој процес, но оттаму не добил повратен одговор.

Од Кривичниот суд, пак, повеќепати истакнаа дека прават сѐ за да обезбедат услови за работа. Оттаму потенцираат дека на секое рочиште се одвојуваат десетина места за роднините и дека судењето го следат и претставници од ОБСЕ, претставници од Косовската амбасада во земјава, од Хелсиншкиот комитет, од коалицијата „Сите за правично судење“, а на новинарите им е овозможено да го следат судењето преку видеоврска од судницата во судската библиотека.

Доколку продолжи процесот денеска, се очекува да сведочат сведоци на обвинителството кои беа повикани и на минатото рочиште.

Во воените дејствија во кумановската Дива Населба беа убиени 8 припадници на безбедносните сили на земјава, како и 10 припадници на вооружената група.